На 17 март 2026 година, Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје имаше особена чест да го пречека својот долгогодишен соработник, проф. д-р Дитмар Шон, директор на Институтот за Источни цркви при бискупијата во Регенсбург.
Оваа посета претставува продолжение на една подолгогодишна и плодна соработка, која се темели врз заемна доверба, почит и заедничка заложба за развој на богословската наука и академската дејност. Присуството на проф. д-р Шон уште еднаш ја потврди неговата постојана поддршка кон Факултетот и неговата мисија.
Во знак на благодарност за неговиот значаен придонес, Деканот на Факултетот, проф. д-р отец Илче Мицевски Игнат, му додели Благодарница, истакнувајќи ја важноста на неговиот ангажман во изминатиот период. Воедно, како симболичен израз на почит, на гостинот му беше врачeн врамен релјефен украс „Охридски крст“, автентична реплика од 19 век.
По свечениот дел, посетата продолжи со работен состанок во просториите на Деканатот, на кој покрај Деканот и проф. д-р Шон, учествуваа и професорите д-р Дејан Борисов, д-р Стефан Гоговски и д-р Дарко Анев. Средбата се одвиваше во конструктивна и работна атмосфера, при што беа разменети мислења и идеи за понатамошната соработка.
Во текот на разговорите, особено внимание беше посветено на можностите за развој на нови научно-истражувачки проекти, како и на начините за институционално унапредување на Факултетот преку заеднички иницијативи и поддршка. Исто така, беше нагласено значењето на продлабочувањето на меѓународната академска соработка и негувањето на меѓукултурниот дијалог во контекст на современите теолошки предизвици.
Посетата на проф. д-р Дитмар Шон претставува значаен чекор во понатамошното зацврстување на воспоставеното партнерство и отвора нови можности за развој и унапредување на дејноста на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

viber image 2026 03 22 12 02 45 911

viber image 2026 03 22 12 02 46 032

viber image 2026 03 22 12 02 45 955

viber image 2026 03 22 12 02 46 014
