Гостинско предавање на д-р Стјепан Штивиќ од Теолошкиот факултет во Љубљана

Гостинско предавање на д-р Стјепан Штивиќ од Теолошкиот факултет во Љубљана

Во рамките на часовите Философија, на 03.12.2025 гостин предавач беше д-р Стјепан Штивиќ, истражувач на Теолошкиот факултет при Универзитетот во Љубљана, ангажиран во Центарот за вештачка интелигенција насочена кон човекот и за етиката на новите технологии. Во неговото предавање на тема „Киборгот – човек, машина или нешто трето?“, се говореше за етичките аспекти на „надградувањето“ на човекот преку користење на новите технологии – тема која станува сè поактуелна во современата медицинска теорија и практика.