Гости предавачи на Православниот богословски факултет на тема „Уникатната философска синтеза на свети Максим Исповедник“

Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје со особено задоволство го најавува претстојното предавање на тема: „Уникатната философска синтеза на свети Максим Исповедник“. Истото ќе се оддржи на 28 ноември 2025 година (петок), со почеток во 12:15 часот, во свечената сала „Архиепископ Доситеј“.

Гости предавачи ќе бидат д-р Сотирис Миталексис – професор на Универзитетскиот колеџ Лондон и Институтот за православни христијански студии, Кембриџ  и д-р Дионисиос Склирис – професор на Богословскиот факултет при Универзитетот во Атина.

Срдечно ве покануваме да присуствувате на овој настан и да се приклучите на дискусијата!