Деканската управа на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во посета на Католичкиот богословски факултет при Загребскиот Универзитет

Во периодот од 9 до 11 март 2025 г. деканот на ПБФ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, проф. д-р Дејан Борисов и продеканот проф. д-р Виктор Недески, остварија посета на Католичкиот богословски факултет при Загребскиот универзитет. Посетата се реализираше на покана на деканот на КБФ проф. д-р Марио Цифрак, а повод за посетата беше прославата на денот на факултетот организирана на 10 март 2025 г. Прославата се одржа во салата „Венац“ на Надбискупискиот пасторален институт во Загреб. По поздравното обраќање на деканот на КБФ при Универзитетот во Загреб, проф. д-р. Марио Цифрак, на присутните им се обратија и големиот канцелар на КБФ, загрепскиот надбискуп Дражен Кутлеша, апостолскиот нунциј во Република Хрватска, надбискупот Џорџо Лингва и ректорот на Универзитетот во Загреб, проф. д-р. Стјепан Лакушиќ. На присутните им се обратија и деканот на Теолошкиот факултет при Универзитетот во Љубљана, доц. д-р. Тадеј Стегу, и деканот на Православниот богословски факултет во Скопје, проф. д-р. Дејан Борисов.

За време на оваа посета, беа организирани и неколку работни средби со членовите на деканската управа на Католичкиот богословски факултет во Загреб, на кои се разговараше за можностите за продлабочување и зацврстување на соработката помеѓу двата богословски факултети. Особено се дискутираше за формирање на мрежи за соработка во кои ќе се вклучат повеќе богословски факутети од регионот. Престојот во Загреб беше искористен и за посета на Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“, каде настојателот протојереј-ставрофор Кирко Велински ги запозна посетителите со работата и активностите на македонската црковна заедница во Хрватска.

blank blank blank blank blank blank blank blank