Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, г-дин Даријан Сотировски во посета на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“

На ден 10.10.2023 год. Деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, проф. д-р Дејан Борисов, го прими Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРГ), г-дин м-р Даријан Сотировски. На средбата присуствуваа и продеканите доц. д-р Дарко Анев и доц. д-р Виктор Недески. Во пријатна и срдечна атмосфера се разговараше за досегашната соработка меѓу двете институции и се разгледаа можности како истата да продолжи и да се продлабочи.

Директорот на КОВЗРГ на средбата упати и покана за Свечената академија по повод јубилејот: „80 години од формирањето на Верското поверенство при Главниот штаб на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија (1943-2023)“.