Средба на деканската управа при Православниот богословски факултет во Скопје со Амбасадорот на Унгарија во Република Северна Македонија, неговата екселенција Андраш Клеин

На ден 10.10.2023 год. Деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, проф. д-р Дејан Борисов, го прими Амбасадорот на Унгарија во Република Северна Македонија, неговата екселенција Андраш Клеин во придружба со вториот секретар на унгарската амбасада господинот Габор Редечи. Во разговорот учествуваа и двајцата продекани на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, доц. д-р Виктор Недески и доц. д-р Дарко Анев.

На средбата се разговараше за научна соработка меѓу Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје и професори и високообразовни институции од Унгарија. Како прв чекор кон реализирање на оваа меѓународна соработка беше договорено еминентниот византолог од Унгарија, д-р Марта Наги да одржи предавање на факултетот, на темата: „Влијанието на св. Наум Охридски во историскиот и културолошкиот развој на унгарската култура“, како и за важноста и делото на свети Наум Охридски во црковното наследство на Унгарија.

Исто така, неговата екселенција Андраш Клеин покани претставници на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, да земат учество на општествено-културолошки симпозиум во Скопје, на тема: Вредностите и конституцијата на семејството, ќе се одржи во првата половина од 2024 година.