
Со длабока жалост и молитвено смирение, Православниот богословски факултет ја споделува болката за трагичниот настан во Кочани и за нашиот преминат во Господа студент Јане Глигороски.
По тој повод, со благослов на Неговото Блаженство г.г. Стефан, во сабота – 22 март, во 9.00 часот, во манастирот „Св. Јован Крстител“ во Капиштец, ќе се служи Заупокоена Литургија за покој на душите на сите настрадани во неодамнешната трагедија во Кочани, као и за нашиот возљубен во Христа брат Јане Глигороски.
Ги повикуваме сите професори, студенти и верници да се присоединат во оваа заедничка молитва, во која ќе измолиме милост Божја за упокоените и утеха за нивните најблиски.