
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, во соработка со Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Факултетот за исламски науки и Славјанскиот универзитет, организира панел дискусија насловена „Младост, ум и депресија“.
Овој настан се фокусира на проблематиката на депресијата, која, за жал, во последната деценија бележи забележлив раст, особено меѓу младата популација. На панелот ќе учествуваат експерти и студенти кои ќе ја разгледаат темата од различни перспективи – психологија, христијанска педагогија, гешталт терапија и теологија.
Модератор на настанот ќе биде Димитар Петрески – претседател на студентскиот сојуз при Православниот богословски факултет во Скопје.
Поканети панелисти на дискусијата се:
д-р Анета Јовковска
м-р Арбер Кадриу
д-р Ана Чучкова
Сите тие се познати по своето долгогодишно искуство и експертиза во своите области.
Ве покануваме да учествувате на оваа дискусија, која ќе се одржи на 27.02.2025 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, во свечената сала „Архиепископ Доситеј“ на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Се радуваме на вашето присуство и активен придонес за оваа значајна тема.