Ве известуваме дека Koнкурсот за запишување студенти на трет циклус студии – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за учебната 2026/2027 година (на македонски и на англиски јазик) е објавен на интернет-страницата на Универзитетот: www.ukim.edu.mk, а огласот е објавен и во изданија на дневните весници: Слободен печат и Коха на 18 јули 2026 година.
На Православниот Богословски факултет на програмата за трет циклус Теолошки студии отворени се 5 слободни места со партиципација од 4500 евра во денарска противредност. Условите и роковите за запишување, како и дополнителните услови утврдени од соодветната студиска програма се наведени во конкурсот.
