Проф. д-р Виктор Недески учествуваше на International Medieval Congress 2026 во Лидс

Проф. д-р Виктор Недески учествуваше на International Medieval Congress 2026 во Лидс

Проф. д-р Виктор Недески, продекан за меѓународна соработка на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, учествуваше на International Medieval Congress 2026 (IMC 2026), кој се одржа од 6 до 9 јули 2026 година на Универзитетот во Лидс, Обединето Кралство.

International Medieval Congress претставува еден од најзначајните светски научни собири посветени на средновековните студии, на кој секоја година учествуваат неколку илјади истражувачи од универзитети и научни институции од целиот свет.

Во рамките на Конгресот, проф. д-р Недески го презентираше научниот труд со наслов „Pray Without Ceasing: Temporalities of Continuous Worship in the Monastic Practice of the Akoimetoi“, во кој ја истражува богословската димензија на непрестајната молитва во монашката заедница на Акимитите. Трудот, заснован врз анализа на светоотечки и агиолошки извори и литургиски текстови, ја разгледува трансформацијата на монашкото време во непрекинат литургиски ритам како израз на христијанското сфаќање на вечноста.

Презентацијата предизвика интерес кај присутните научници и беше проследена со плодна научна дискусија, при што беа воспоставени нови академски контакти со истражувачи од областа на византологијата, патрологијата, агиологијата и средновековните студии. Воедно, учеството на Конгресот овозможи следење на најновите истражувања и методолошки пристапи во современата медиевистика, како и размена на идеи за идни меѓународни научни соработки.

Учеството на проф. д-р Недески на International Medieval Congress 2026 претставува уште една значајна меѓународна афирмација на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, потврдувајќи го активното присуство на Факултетот во современите меѓународни научноистражувачки текови.

3

3

4

4

5

5

2

2

1

1