
Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ Скопје објавува Конкурс за запишување на студенти на втор циклус студии во студиската 2025/2026 година.
Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на факултетите и институтите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, за запишување студенти во студиската 2025/2026 година предвидува запишување на следниов број кандидати:
– за едногодишни студии по теологија: 10 кандидати
– за двегодишни студии по теологија: 10 кандидати
– за стручни студии по методика на наставата по религиско воспитание и образование: 20 кандидати
Право на конкурирање имаат кандидатите што ги имаат исполнето следниве услови:
– да завршиле прв циклус на соодветни или сродни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии.
Кандидатите поднесуваат:
- пријавен лист за запишување;
- благослов од надлежен архиереј;
- диплома за завршен прв циклус студии;
- биографија;
- потврда за активно познавање странски јазик;
- препораки од наставни или научни работници (доколку има обезбедено);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку има);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи.
Кандидатите документите ги доставуваат во Секретаријатот при Факултетот од 1 до 15 октомври 2025 година за првиот уписен рок и од 2 до 13 февруари 2026 година за вториот уписен рок. Запишувањето на примените кандидати во првиот уписен рок е на 20 и 21 октомври 2025, а за вториот уписен рок на 18 и 19 февруари 2026 година.