Конкурс за запишување студенти на трет циклус академски студии – докторски студии на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје во академската 2025-2026 година

Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, распишува конкурс за запишување студенти на трет циклус академски студии – докторски студии за академската 2025/2026 година, на следната студиска програма:


Студиска програма: Теолошки студии

  • Број на студенти: 5

  • Школарина: 4.500 евра во денарска противвредност

  • Во школарината се вклучени трошоците за организирање на наставата, работилници и семинари, менторство, комисиите, управување со студиската програма, како и трошоци за истражување во висина од 1.200 евра.

  • Во школарината не се вклучени трошоци за мобилност, визитинг-наставници и други дополнителни трошоци согласно со договорот за студирање.


Листа на ментори:


Услови за запишување:

Општи услови:

  • Завршени студии од прв и втор циклус (вкупно најмалку 300 ЕКТС кредити);

  • Сертификат/уверение за познавање англиски јазик (B2 ниво).

Дополнителни услови за студиската програма „Теолошки студии“:

  • Завршен прв циклус теолошки студии;

  • Завршен втор циклус од хуманистичките науки (теологија, филозофија, историја, историја на уметност, археологија, филологија, книжевност, културолошки студии или музика);

  • Просек од најмалку 8.00 од сите предмети од претходно завршеното високо образование.


Избор на кандидати:

Прелиминарна листа:

  • По завршувањето на конкурсот, се објавува прелиминарна листа на примени кандидати и листа на кандидати кои не ги исполнуваат условите;

  • Листите се утврдуваат од советот на студиската програма и се објавуваат на веб-страницата на факултетот;

  • Приговори се поднесуваат писмено до советот на студиската програма. Одлуката по приговорите е конечна.

Конечна листа:

  • По одлучување по приговорите, советот ја доставува листата до Универзитетскиот стручен совет за докторски студии;

  • Конечната листа ја утврдува и објавува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

  • Утврдената листа е конечна.


Рокови за пријавување и запишување:

Активност Прв уписен рок Втор уписен рок*
Пријавување на кандидатите 9.9.2025 – 22.9.2025 1.12.2025 – 10.12.2025
Објавување прелиминарни листи 24.9.2025 12.12.2025
Одлучување по приговори 29.9.2025 17.12.2025
Објавување конечни листи 1.10.2025 19.12.2025
Запишување на кандидатите 6.10.2025 – 10.10.2025 22.12.2025 – 26.12.2025

* Втор уписен рок се реализира само доколку има одлука за тоа од страна на студиската програма.


Начин на пријавување и потребни документи:

Кандидатите пријавувањето го вршат во студентската служба на факултетот. Се поднесуваат следниве документи (оригинал или нотарски заверена копија):

  1. Пријавен лист со назначување на студиската програма;

  2. Првична согласност од ментор;

  3. Мотивациско писмо со истражувачка област;

  4. Кратка биографија (CV);

  5. Уверение за положени испити – прв циклус;

  6. Уверение за положени испити – втор циклус;

  7. Диплома – прв циклус;

  8. Диплома – втор циклус;

  9. Сертификат/уверение за познавање англиски јазик (B2 ниво);

  10. За кандидати со образование од странство: нострификација и еквиваленција на оценки (доколку е применливо).


Запишување на студентите:

Запишувањето се врши на Православниот богословски факултет од 6.10.2025 до 10.10.2025 година. Се поднесуваат и следниве документи:

  1. Индекс и пријавни листови;

  2. Две фотографии (3,5 х 4,5) и една (2 х 3);

  3. Конечна согласност од ментор;

  4. Пријава за избор на предмети;

  5. Договор за студирање;

  6. Потврда за уплатена прва рата од школарината;

  7. Потврда за уплата на 7 % од школарината на Универзитетската школа за докторски студии;

  8. Образец за согласност за електронска комуникација.


Уплата на школарина:

Школарината се плаќа на 6 еднакви рати, на почетокот на секој семестар, на сметка на факултетот. При уплатата на првата рата, студентот дополнително треба да уплати 7 % од школарината на следната сметка на Универзитетската школа за докторски студии:

  • Сметка: 160 010 3689 788 18

  • Приходна шифра и програма: 723012 41

  • Банка: Народна банка на Република Северна Македонија

    Конкурсот за запишување студенти на трет циклус академски студии – докторски студии на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2025/2026 година е објавен на интернет-страницата на Универзитетот: https://ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2025/06/konkurs-iii-ciklus-akademski-studii-2025-2026-01.pdf

    На 24.6.2025 година, Конкурсот е објавен и во дневниот печат во весникот Нова Македонија и весникот Коха.