Православниот богословски факултет
„Свети Климент Охридски“ – Скопје, објавува
Конкурс за запишување на редовни и вонредни студенти во I година додипломски студии во академската 2023/2024 година
Право на упис на Православниот богословски факултет имаат кандидати од православна вероисповед, кои завршиле богословија или гимназија со положена матура. државна или меѓународна. Исто така, на Факултетот може да се конкурира и со друго четиригодишно средно образование. Сите кандидати освен богословите, полагаат и приемен испит.
Доколку на конкурсот се пријават поголем број од предвидениот број кандидати, селекцијата ќе се врши врз основа на успехот од средното образование и резултатите од приемниот испит.
Пријавувањето кандидатите за упис го прават на интернет страницата www.upisi.ukim.mk.
На конкурсот кандидатите, во оригинал или заверен препис, ги поднесуваат следниве документи:
- пријава за запишување;
- оригинални свидетелства за сите класови;
- документ за положена матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
- свидетелство за свето крштение од храмот, каде што е крстен;
- одобрение за студии од надлежниот епархиски архиереј;
- лекарско уверение;
- потврда за уплатени 1.000,оо денари на жиро-сметката на Факултетот, за студентски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети.
- кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти, освен горенаведените документи, поднесуваат и потврда дека се во работен однос или дека се редовни студенти на некој друг факултет.
Кандидатите своите документи ги доставуваат во Службата за студентски прашања при Факултетот, на 24 и 25 август 2023 година, за првиот уписен рок, на 14 и 15 септември 2023 година за вториот уписен рок и на 28 септември за трет уписен рок.
Приемните испити се полагаат на 29 август за првиот уписен рок, на 18 септември 2023 година за вториот уписен рок.
Резултатите од приемниот испит ќе бидат објавени на 7 септември за првиот уписен рок и на 22 септември 2023 година за вториот уписен рок.
За оваа академска година ќе се примат 50 редовни и 50 вонредни кандидати.
- При запишувањето кандидатите поднесуваат: индекс, студентска легитимација и пријавни листови;
- Три фотографии (2 фотографии со димензии 3,5×4,5 и една со димензии 2×3);
- Потврда за уплатени 700,оо денари за студентски билтен и за библиотечен фонд, на жиро сметката: 300000000352534 при Комерцијална банка А.Д. Скопје.
- Запишување на кандидатите: 12 и 13 септември 2023 за првиот уписен рок и на 26 септември 2023 за вториот уписен рок.
Д е к а н
Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски