Меѓународна научна конференција на тема „Византискиот хуманизам во контекстот на современите хуманизми“ во Прешов, Р. Словачка

Од 20 до 23 октомври 2024 г. во организација на Православниот богословски факултет при Прешовскиот универзитет во Прешов, Р. Словачка се одржа меѓународна научна конференција на тема „Византискиот хуманизам во контекстот на современите хуманизми“. По покана на организаторот, на конференцијата со свој труд зедоа учество проф. д-р Дејан Борисов – декан нашиот факултет, како и продеканот проф. д-р Виктор Недески. За време на посетата, професорите од нашиот факултет имаа можност да се запознаат одблиску со животот и мисијата на православната заедница во Словачка, како и со активностите и студиските програми на Православниот богословски факултет во Прешов. Посетата беше искористена и за да се оствари средба со проректорот за меѓународна соработка на Прешовскиот универзитет проф. д-р Марија Кардис, која изрази силна желба за воспоставување на соработка помеѓу Прешпвскиот универзитет и УКИМ. Деканот и продеканот на ПБФ имаа можност да посетат повеќе значајни места во источна Словачка и да се запознаат со црковната и световната историја, како и современите духовни предизвици на овој крај.