Национален форум: Религија и онлајн предизвици

Професори и студенти од Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје беа дел од учесниците на Националниот форум „Религија и онлајн предизвици“, организиран во рамките на проектот „DELETE“ и поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и организацијата „Хоризон Цивитас“.

Настанот кој се одржа на 12.02.2025 година во Скопје, беше обемна платформа за јавна дискусија. Активноста на студентите и професорите од Православниот богословски факултет беше истакната. Продеканот, д-р Виктор Недески, заедно со панелистот професорката д-р Анета Јовковска, придонесоа кон аналитичка дискусија врз теми како што се екстремизмот, радикализмот, говорот на омраза, религиофобијата и дискриминацијата во онлајн простор.

Форумот ја истакна важноста на интегрирањето на теолошките знаења и академската експертиза во адресирањето на современите онлајн предизвици. Учесниците работеа во три тематски групи (млади, безбедност и комуникација) со цел да изготват конкретни препораки за идни активности. Ова ја потврдува  посветеноста на Православниот богословски факултет кон мултидисциплинарниот дијалог и активното ангажирање во академската заедница за теми од општествениот живот.

blank blank