
Со задоволство ве известуваме дека Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје организира отворени предавања кои ќе се одржат на 25.02.2025 (вторник), со почеток во 12.00 часот, во свечената сала „Архиепископ Доситеј“.
Во рамките на настанот, вон. проф. д-р Даниела Тошева-Николовска ќе одржи предавање на тема: „Бракот и семејната динамика во антиката“, а доц. д-р Илче Мицевски-Игнат ќе одржи предавање на тема: „Бракот и Црквата. Развојот на формата на христијанскиот брак“
Овој настан е одлична можност за стекнување нови знаења и размислување за историските и религиозните аспекти на брачните односи, како и за односот помеѓу традицијата и современите предизвици. Ви се претставува платформа за дијалог и размислување, каде што експертите ќе ги споделат своите научни согледувања и искуства.
Ве покануваме да се придружите на настанот и да бидете дел од оживената дискусија.