Програма за втор циклус едногодишни студии 2025

СТРУКТУРА НА СТУДИСКА ПРОГРАМА

Табела 7.1. Распоред на предмети по семестри и години на студии

Реден број Код на предметот Назив на предмет Семестар Неделен фонд на часови ЕКТС
П В
ПРВА ГОДИНА
1 ТС2-101 Библиска теологија прв 2 1 8
2 ТС2-102 Автономијата и автокефалноста на Македонската православна црква прв 2 1 8
3 ТС2-103 Средновековна философија и теологија прв 2 1 8
4 ТС2-104 Светоотечката книжевност во Охридската Архиепископија втор 2 1 8
5 ТС2-105 Педагошка етика втор 2 1 8
Изборен предмет (називот на изборниот наставен предмет се наведува во Табела 7.2) прв 2 1 6
6 ТС2-114 Магистерски труд втор / / 14
Вкупно часови (предавања/вежби) и ЕКТС за година 180 90 60

 

 

 

 

Табела 7.2.  Изборни предмети на студиската програма (во Листата се вклучуваат изборните предмети од студиска програма и наставни предмети кои се изведуваат на друга единица на универзитетот, согласно член 139 став 9 од Законот за високото образование (Службен весник на Република Македонија 82/18))

 

Реден број Код Назив на предметот Семестар Неделен фонд на часови ЕКТС Од која единица
предавања вежби
1 ТС2-106 Девтероканонски книги II 2 1 6 ПБФ
2 ТС2-107 Херменевтика – библиско-егзегетска методологија II 2 1 6 ПБФ
3 ТС2-108 Академско пишување II 2 1 6 ПБФ
4 ТС2-109 Агиологија на Охридската архиепископија II 2 1 6 ПБФ
5 ТС2-110 Православна биоетика – современи морални предизвици II 2 1 6 ПБФ
6 ТС2-111 Православна антропологија и педагогија II 2 1 6 ПБФ
7 ТС2-112 Автономија и автокефалност во Православната црква – Канонска перспектива II 2 1 6 ПБФ
8 ТС2-113 Богословско-омилитичкото наследство на свети Јован Златоуст II 2 1 6 ПБФ
9  
Вкупно: 24 48  

 

 

 

Табела 7.3. Прозорци на мобилност – наставни предмети кои можат да се реализираат и на англиски јазик согласно член 139 став 10 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/18)

 

Назив на предмет Наставник Година/Семестар ЕКТС
1. Библиска теологија д-р Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор

д-р Дарко Анев, доцент

I / I 8
2. Автономијата и автокефалноста на Македонската православна црква д-р Дејан Борисов, редовен професор

д-р Илче Мицевски Игнат, доцент

I / I 8
3. Средновековна философија и теологија д-р Милан Ѓорѓевиќ, редовен професор

д-р Кирче Трајанов, доцент

I / I 8
4. Светоотечката книжевност во Охридската Архиепископија д-р Виктор Недески, доцент

д-р Александар Крстаноски, доцент

I / II 8
5. Педагошка етика д-р Анета Јовковска, вонреден професор

д-р Стефан Гоговски, доцент

I / II 8
6. Девтероканонски книги д-р Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор I / I 6
7. Херменевтика – библиско-егзегетска методологија д-р Дарко Анев, доцент I / I 6
8. Академско пишување д-р Милан Ѓорѓевиќ, редовен професор I / I 6
9. Агиологија на Охридската архиепископија д-р Виктор Недески, доцент I / I 6
10. Православна биоетика – современи морални предизвици д-р Стефан Гоговски, доцент I / I 6
11. Православна антропологија и педагогија д-р Анета Јовковска, вонреден професор I / I 6
12. Автономија и автокефалност во Православната црква – Канонска перспектива д-р Илче Мицевски Игнат, доцент I / I 6
13. Богословско-омилитичкото наследство на свети Јован Златоуст д-р Кирче Трајанов, доцент I / I 6

 

 

Табела 7.4. Преглед на застапеност на задолжителните предмети  и

изборните предмети на студиската програма.

 

Семестар Број на задолжителни предмети Број на изборни предмети Вкупно предмети
I 3 1 4
II 2 0 2
Вкупно 5 1 6
% застапеност 83,33% 16,67% 100%

 

 

 

 

 

Табела 7.5. Преглед на процентуалната застапеност на задолжителните предмети и

изборните предмети.

 

Ред бр Траење на студиите (години)/ вкупен број на ЕКТС на студиската програма Вкупна оптовареност изразена преку ЕКТС Оптоварност за изборни предмети изразена преку ЕКТС
А

Вкупен број на ЕКТС на студиската програма

А1

Процентуална застапеност на ЕКТС од наставните предмети на студиската програма

Б

Вкупен број на ЕКТС од изборни наставни предмети

Б1

Процентуална застапеност на ЕКТС од изборните наставни предмети во однос на вкупниот број на ЕКТС на студиската програма

1. 1 година 60 EКТС

 

60 ЕКТС 76,67% 6 10%

7.1. Правила и начин на избор на изборни предмети со можност за избор на предмети од други акредитирани студиски програми

 

Начин на избор на изборни предмети од студиска програма
 

Сите изборни предмети наведени во Табела 7.2 (Табела 7.2.  Изборни предмети на студиската програма (во Листата се вклучуваат изборните предмети од студиска програма и наставни предмети кои се изведуваат на друга единица на универзитетот, согласно член 139 став 9 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ 82/18)) се со еднаква можност за избор од страна на студентите. Изборот на предметите се врши врз основа на насоките дефинирани во Табела 7.1. Според овие насоки, се избира еден изборен предмет за првиот семестар од изборните предмети. Изборот е лична одлука на кандидатот и зависи од неговиот интерес за стекнување продлабочени знаења и вештини кои ги нуди соодветниот предмет. Дополнително, студентот го насочува изборот кон областите во кои настојува да развие поголема експертиза и практични способности, во согласност со потребите за своето усовршување.

 

Начин на избор на изборни предмети од универзитетска листа
 

 

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ од Скопје остварува соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оваа соработка обезбедува достапност на професори кои ги покриваат изборните предмети од универзитетската листа. На овој начин, студентите имаат можност да се стекнат со дополнителни компетенции преку слушање предмети кои се релевантни за нивниот академски развој и професионални цели.

 

 

 

7.2. Рокови за завршување на предвидените активности од студиската програма

 

 

Рокот за завршување на предвидените активности од студиската програма е една година, 2 семестри, а најдолго во времето што е двапати подолго од пропишаното траење на студиите, односно најмногу две години (4 семестри од почетокот на учебната година кога е извршен уписот на факултетот за едногодишните магистерски академски студии по теологија.