Професори од Православниот Богословски факултет дел од делегацијата на МПЦ-ОА во Рим

702610616 1702167511210801 8430799097580594233 n

Во периодот од 20 до 24 мај 2026 година, со благослов и во придружба на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва и Митрополит Скопски г.г. Стефан, како членови на црковната делегација во Рим, по повод чествувањето на празникот посветен на сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј, учество зедоа професорите: проф. д-р Георгиј Ѓорѓевски, Митрополит на Дебарско-кичевската епархија; ѓакон доц. д-р Стефан Гоговски, продекан за настава при Православниот богословски факултет; и асист. м-р Александар Димитријов, архиепископски протоѓакон при Скопската епархија.
Покрај професорите од Православниот Богословски факултет, членови на делегацијата кои зедоа учество во традиционалното чествување на споменот и делото на сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски преку поклонение на неговиот гроб во базиликата Сан Клементе во Рим беа и Неговото Високопреосвештенство г. Пимен, митрополит Европски, Неговото високопреподобие архимандрит о. Агатон, игумен на манастирот Св. Пантелејмон – с. Нерези Скопско, како и секретарот на Дебарско – кичевската епархија, протојереј – ставрофор отец Никола Христоски.
Црковно – државната делегација на 22.05.2026 г., се состана и со возглавителот на Римокатоличката црква Папата Леон 14, на чијашто средба за прв пат Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан се сретна со скоро избраниот понтиф.
Чествувањето на празникот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј на овој начин, преку оддавање највисоки почести и поклонение во име на целиот македонски народ, како и служење на молебен во вечното почивалиште на нашиот учител и просветител св. Кирил во Вечниот Град, традиционално се одржува по 57 пат, започнувајќи за прв пат во 1969 година.

ѓакон доц. д-р Стефан Гоговски