Проф. д-р Виктор Недески во академска посета на универзитетите во Швајцарија и Германија

Проф. д-р Виктор Недески во академска посета на универзитетите во Швајцарија и Германија

Во периодот од 26 октомври до 16 ноември 2026 година, проф. д-р Виктор Недески, професор и продекан за меѓународна соработка на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, престојуваше во Швајцарија и Германија, каде што оствари академска посета во својство на визитинг професор на Универзитетот во Фрибур (Швајцарија) и на Универзитетот „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен (Германија).

Во рамките на посетата, проф. Недески одржа циклус предавања на богословските факултети при двата универзитета, наменети за студентите и академскиот кадар. Предавањата опфатија теми од православното богословие, со посебен осврт на македонската црковна историја, духовност и богословска традиција. Посетата овозможи непосредна размена на научни и академски искуства, како и средби и разговори со професори и истражувачи од овие високообразовни институции.

Во текот на престојот во Швајцарија, проф. Недески неколку дена престојуваше и во Православниот институт во Шамбези, во близина на Женева, каде што, исто така, одржа предавање и оствари средби со членовите на тамошната богословска заедница.

Академската посета на овие значајни европски универзитетски и богословски центри претставува можност за афирмација на научната и образовната дејност на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, како и за продлабочување на неговата меѓународна академска соработка и поврзување со сродни богословски институции во Европа.

blank blank blank blank blank blank blank blank