Ракополагање и востоличување на нашиот професор, новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Георгиј

Денес, на денот кога го прославуваме Соборот на светите 12 апостоли, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи „Света Софија“ во Охрид, со полна радост молитвено присуствувавме на ракополагањето и востоличувањето на нашиот професор, новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Георгиј од страна на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Ја изразуваме нашата искрена поддршка и со љубов го придружуваме во новата служба што му е доверена. Нека Господ, Кој ги поставува епископите преку Светиот Дух (сп. Дела 20,28), го укрепи и води, за да биде и понатаму „светило што свети на темно место“ (2 Птр 1,19), и на амвонот, и на катедрата, и во срцата на верните.
На многаја и благаја лета наш возљубен Високопреосвештени владико Георгиј!
blank blank blank blank