Се одржа регионална летна школа: Општеството и религијата

Како резултат на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер, Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, Скопје ги поддржа активностите на регионалната  летна школа – Општеството и религијата: етничките групи, идентитетот и национализмот, која се одржа во Скопје од 17-20.06.2024 година. Претставници од повеќе држави од Балканот (Србија, Грција, Босна, Црна Гора, Хрватска и др.) земаа учество на оваа летна школа

 

Продеканот од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје – д-р Дарко Анев одржа предавање на летната школа. Темата на неговото предавање беше: „Културно и религиозно наследство: интегрирање на вредности на православната црква“. Предавањето се одржа во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. По предавањето се отворија значајни дискусии и беа поставени бројни прашања од страна на учесниците од летната школа. Студентите кои земаа учество на оваа летна школа беа од најразлични студиски области и тоа беше особено значајно за посебните перспективи и прашања за кои се дискутираше.

 

Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје секогаш е отворен за академска соработка со факултетите и организациите кои имаат за цел јакнење на меѓусебното разбирање за прашањата кои го вклучуваат етничкиот идентитет, како и религиозните аспекти и традицијата.