Средба на Деканот и Деканатската управа на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје со Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи

Во знак на зајакнување на меѓусебната соработка, се одржа средба помеѓу деканот, проф. д-р Дејан Борисов, и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска. На состанокот, кој се смета за важен чекор во насока на унапредување на заедничките активности, присуствуваше и продеканот, проф. д-р Дарко Анев.

Средбата претставува потврда на долгогодишното партнерство меѓу КОВЗРГ и Православниот богословски факултет, чијашто основа е изградена на заедничките вредности во доменот на образованието и религијата. Во оваа прилика беа разгледани повеќе прашања од стратешка важност, како и можностите за реализација на проекти кои се од взаемен интерес.

Во фокусот на разговорите беа иницијативи кои би донеле значајни придобивки за општеството преку продлабочување на едукацијата, афирмирање на верските вредности и поддршка на општествената кохезија. Двете страни истакнаа дека новите активности ќе бидат насочени кон градење позитивни вредности, не само во академската средина, туку и пошироко.

Комисијата и факултетот се согласија дека соработката ќе продолжи со засилен интензитет и во иднина, со акцент на проекти кои промовираат меѓусебно разбирање и општествена хармонија.