На ден 10.10.2023 год. Деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, проф. д-р Дејан Борисов, го прими Амбасадорот на Унгарија во Република Северна Македонија, неговата екселенција Андраш Клеин во придружба со вториот секретар на унгарската амбасада господинот Габор Редечи. Во разговорот учествуваа и двајцата продекани на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, доц. д-р Виктор Недески и доц. д-р Дарко Анев.
На средбата се разговараше за научна соработка меѓу Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје и професори и високообразовни институции од Унгарија. Како прв чекор кон реализирање на оваа меѓународна соработка беше договорено еминентниот византолог од Унгарија, д-р Марта Наги да одржи предавање на факултетот, на темата: „Влијанието на св. Наум Охридски во историскиот и културолошкиот развој на унгарската култура“, како и за важноста и делото на свети Наум Охридски во црковното наследство на Унгарија.
Исто така, неговата екселенција Андраш Клеин покани претставници на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, да земат учество на општествено-културолошки симпозиум во Скопје, на тема: Вредностите и конституцијата на семејството, ќе се одржи во првата половина од 2024 година.