Студиска посета на манастирите во Скопска Црна Гора

13

Со благослов на Неговото Блаженство, архиепископот Охридски и Македонски и Митрополит Скопски и на Јустинијана прима, г.г. Стефан, на ден 31.03.2026 година, студентите на додипломски студии при Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски” – Скопје, заедно со професорите: проф. д-р. Дејан Борисов, доц. д-р Стефан Гоговски, доц. д-р. Дарко Анев и асс. м-р Александар Димитријов ги посетија следниве манастири и црковни храмови при Скопската епархија, на територија на Скопска Црна Гора:

– Свети Никита(XIVв.), с. Горњани,
– црквата Свети Ѓорѓи (XVIв.), с. Бањани,
– Горни Свети Илија(XIV в.), с. Водњани,
– Свети архангел Михаил(XIV в.), с. Кучевиште,
– Воведение на Пресвета Богородица (Св. Спас) (XIVв.), с. Кучевиште,
– Рождество на Пресвета Богородица(XIVв.), с. Побожје,
– манастирот Св. Никола (XIX в.)
– и новоизградениот храм посветен на Св. Јован во с. Љубанци.

При посетата на овие значајни македонски православни храмови беа одржани пригодни предавања, преку кои студентите имаа можност да се запознаат со нивната историја, стиловите на градбата  на секој храм поединечно, со фрескоживописот, како и со актуелната состојба во која се наоѓаат. Практичната настава беше спроведена во рамките на програмите по предметите Црковна архитектура со христијанска уметност и Христијанска историја, предавања и дружба кои беа на голема радост како на студентите, така и на монахињите од манастирите Св. Архангел Михаил – Кучевиште и Св. Никола – Љубанци, но и на домаќините – грижители, на кои најсрдечно се заблагодаруваме за нивното топло  гостопримство.

Доц. д-р. Стефан Гоговски, ѓакон
продекан за настава