Соопштение: Првите Кирилометодиеви научни средби ќе се оддржат на 23 мај на Православниот богословски факултет во Скопје

На 23 мај 2024 година, во свечената сала Архиепископ Доситеј на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, ќе се оддржат  Првите Кирилометодиеви научни средби. Настанот произлегува од соработката помеѓу Православниот богословски факултет и Институтот за национална историја. Настанот е од отворен карактер со почеток во 11.00 часот, а програмата за Првите Кирилометодиеви научни средби е достапна на следниов линк. Со надеж дека оваа манифестација ќе стане препознатлива во нашата академска заедница и пошироко, ги покануваме сите заинтересирани да придонесат со своето присуство. Деканат на Православниот …

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Православниот богословски факултет и Институтот за национална историја

На 19 април 2024 година, деканот на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, проф. д-р Дејан Борисов и в.д. Директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Б. Панов потпишаа Меморандум за соработка. Со Меморандумот се воспоставува долготрајна соработка за имплементација на заеднички научнo-истражувачки проекти, конференции, програми за одбележување на јубилеи од минатото, публикации и едиции, како и заемна поддршка во образовната сфера. Проф. Борисов и проф. Панов истакнаа дека потпишувањето на Меморандумот ќе придонесе за продлабочување на соработката помеѓу двете институции, во интерес …

Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар одржа предавање на Православниот богословски факултет

На 20 декември 2023 година во свечената сала „Архиепископ Доситеј“ на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје пред студентите и професорите одржа предавање митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар. Тој зборуваше за современите проблеми со кои се соочува Македонската православна црква, како и за црковниот живот на македонските верници во дијаспората. Студентите имаа можност да му постават прашања на митрополитот и да дискутираат за горенаведените теми. Ова е прво од низата предавања кои се планирани да се одржат на Православниот …

Известување

Почитувани студенти прoдолжуваме со организација и реализација на предавања од истакнати професори и личности кои не се дел од нашиот Факултет. Ве известуваме дека на 20 декември 2023 (четврток), во 11 часот, во салата на Факултетот предавање ќе оддржи Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар. По завршувањето на предавањето наставата ќе продолжат според распоредот. проф. д-р Дејан Борисов декан на ПБФ

„Мисија и секуларизам“ – Седми Светиклиментов научен собир на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Седмиот Светиклиментов научен собир на тема „Мисија и секуларизам“ се одржа на 7.12.2023 на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. На отворањето на собирот зедоа збор Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски и на Прва Јустинијана, господин господин Стефан, директорот на КОВРЗГ господин Даријан Сотировски и деканот на Православниот богословски факултет во Скопје, проф. д-р Дејан Борисов. Учесници на конференцијата беа професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. На научниот собир се дискутираше за …