Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во соработка со Институтот за национална историја, има чест да ве покани на Вторите Кирилометодиеви научни средби, кои ќе се одржат на 22 мај 2025 година (четврток) на Православниот богословски факултет, во свечената сала „Архиепископ Доситеј“, со почеток во 10:00 часот. Научните средби се организираат како продолжение на успешно воспоставената соработка меѓу двете институции, со цел понатамошна афирмација и научно проучување на делото и наследството на светите Кирил и Методиј – темели на словенската писменост, култура и …
