Православниот богословски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје успешно ја организираше Меѓународната научна конференција со наслов: „Соборноста и современите предизвици за Црквата“, која се одржа од 7 до 10 мај 2025 година во хотел „Дрим“ во Струга, по повод 1700-годишнината од Првиот вселенски собор во Никеја. Конференцијата беше отворена на 8 мај со свечено обраќање на Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, кој воедно беше и покровител на овој меѓународен научен настан. Тој, во своето слово, го истакна длабокото значење …
