Под насловот „Од догма до дијалог: Теологијата пред современите предизвици“ („From Dogma to Dialogue: Theology and Contemporary Challenges“), од 13 до 19 јули 2025 година во Ловран, Хрватска, се одржаа Медитеранските теолошки средби – еден од најзначајните меѓурелигиски и меѓухристијански форуми во регионот. На настанот учествуваа педесетина студенти и професори од различни христијански деноминации и други религии од Европа и регионот, со стремеж за отворен дијалог, заемно разбирање и академска размена. Студентите Спасе Никовски и Наум Стојаноски од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје земаа активно …
