Конкурс за запишување на редовни и вонредни студенти во I година додипломски студии во академската 2022/2023 година

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, објавува К О Н К У Р С      за запишување на редовни и вонредни студенти во I година во академската  2022/2023 година   Право на упис на Православниот богословски факултет имаат кандидати од православна вероисповед, кои завршиле богословија или гимназија со положена матура. државна или меѓународна. Исто така, на Факултетот може да се конкурира и со друго четиригодишно средно образование. Сите кандидати освен богословите, полагаат и приемен испит. Доколку на конкурсот се пријават поголем број …

Петти Светиклиментов научен собир „Сеќавање (па́мѧть)“

На 07.12.2021 г. (вторник), со почеток во 10:00 часот ќе се одржи Петтиот Светиклиментов научен собир на тема „Сеќавање (памѧть)“, во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Собирот ќе се одржи онлајн на платформата Зум (Zoom), а ќе може да се следи во живо на нашиот Јутјуб канал: https://www.youtube.com/watch?v=5AwxQbeK42Y . Линк кон видео-преносот ќе можете да најдете и на нашата Фејсбук страница.  

Призив на Светиот Дух – молебен за успешен почеток на академската година

По повод почетокот на академската 2021/2022 година, на први октомври 2021 година, во манастирот „Св. Јован Крстител“ во Капиштец, беше одржан молебен – Призив на Светиот Дух за успешен почеток на академската година. Со молебенот чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар. На чинот присуствуваа студентите, наставниот и административниот кадар од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и заеднички се помолија за просветување, за да можат студентите со Божја помош да ја совладаат науката над науките и да …

Во тек е IV Светиклиментов научен собир на тема „Образование и заедничарење“

Почитувани, Ве известуваме дека е во тек  Четвртиот Светиклиментов научен собир на тема „Образование и заедничарење“, во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Истиот можете да го следите во живо на нашиот YouTube канал на следниов линк:          

„Образование и заедничарење“ – IV Светиклиментов научен собир

Ве известуваме дека на 07.12.2020 г. (понеделник), со почеток во 10:00 часот ќе се одржи Четвртиот Светиклиментов научен собир на тема „Образование и заедничарење“, во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Собирот ќе се одржи онлајн на платформата Зум (Zoom), а ќе може да се следи во живо на нашиот Јутјуб канал. Линк кон видео-преносот ќе можете да најдете и на веб-страната на Факултетот, како и на нашата Фејсбук страница.