Во периодот од 20 до 24 мај 2026 година, со благослов и во придружба на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва и Митрополит Скопски г.г. Стефан, како членови на црковната делегација во Рим, по повод чествувањето на празникот посветен на сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј, учество зедоа професорите: проф. д-р Георгиј Ѓорѓевски, Митрополит на Дебарско-кичевската епархија; ѓакон доц. д-р Стефан Гоговски, продекан за настава при Православниот богословски факултет; и асист. м-р Александар Димитријов, архиепископски протоѓакон при Скопската …
