Во знак на зајакнување на меѓусебната соработка, се одржа средба помеѓу деканот, проф. д-р Дејан Борисов, и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска. На состанокот, кој се смета за важен чекор во насока на унапредување на заедничките активности, присуствуваше и продеканот, проф. д-р Дарко Анев. Средбата претставува потврда на долгогодишното партнерство меѓу КОВЗРГ и Православниот богословски факултет, чијашто основа е изградена на заедничките вредности во доменот на образованието и религијата. Во оваа прилика беа разгледани повеќе …
XII Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“се одржа од 1 до 3 ноември 2024 година во Скопје. Симпозиумот беше организиран од страна на Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во коорганизација со Универзитетот во Болоња и Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје. Оваа година, Симпозиумот беше посветен на актуелната тема: „Византија: Комонвелт, мека моќ, празни зборови?“, со цел да се отвори дискусија за разноликите аспекти на византиското влијание врз средновековната цивилизација. Отворањето се …
На 24 октомври 2024 година, во свечената сала на Музејот на македонската борба за самостојност, се одржа свечена прослава по повод 30-годишнината од основањето на Македонското библиско здружение. Ова значајно чествување беше одбележано со присуство на многубројни гости, меѓу кои и професори, академици и претставници на религиозни и општествени организации, кои имаат дадено значителен придонес во развојот и работата на Здружението. На свеченоста, пред присутните, со пригодни говори се обратија Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент, г. …
На 8. октомври 2023 година, на Православниот богословски факултет во Скопје, се одржа средба помеѓу деканот на Православниот богословски факултет – проф. д-р Дејан Борисов и деканот на Факултетот за музичка уметност – проф. м-р Дарија Андовска. На средбата присуствуваа и продеканот на Православниот богословски факултет – проф. д-р Дарко Анев, како и продеканот на Факултетот за музичка уметност – проф. д-р Соња Здравкова Џепароски. Целта на оваа средба беше да се разговара за продлабочување на соработката помеѓу двете високообразовни институции, со акцент на интеграцијата …
Илјадници студенти денес за прв пат влегоа во академскиот свет, означувајќи старт на новата академска година. По тој повод, на платото на општествениот кампус, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во соработка со Универзитетското студентско собрание (УСС УКИМ) организираше свечен настан за добредојде на новозапишаните студенти. Настанот започна со изведба на државната химна, свечената химна на УКИМ, како и студентската химна „Гаудеамус“, во изведба на студентите. Пред присутните се обратија проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Александар Николовски, претседател на УСС …