На 9 декември 2025 година, во кралството Јордан, под покровителство на Неговото Височество кралот Абдулах II, се одржа меѓународната конференција со наслов: „Процесот од Акаба – Балкански меѓурелигиски дијалог“. Покрај домаќините од Ерусалимската Патријаршија, присутни беа и: Патријархот Антиохиски Јован, Патријархот Српски Порфириј, како и Архиепископот Албански Јован. Од името на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на конференцијата учествуваше делегација на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, предводена од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г. Петар. Во составот на делегацијата …
На 5 декември 2025 година, во организација на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, се одржа Деветтиот Светиклиментов научен собир на тема „Теологијата и технологиите“. Научниот собир беше свечено отворен со поздравниот говор на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан. Во своето обраќање, Неговото Блаженство со особена јасност укажа дека предизвиците што ги носи вештачката интелигенција не смеат да се поимаат со страв, туку со надеж и мудрост. „Мнозина стравуваат дека пред нас се отвораат патишта што не се само …
В. д. деканот на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, д-р Илче Мицевски Игнат, во интервју за МИА зборува за значењето и актуелноста на ликот и делото на свети Климент Охридски како неизбришлив духовен и културен темел на нашиот народ. Во разговорот, тој се осврнува и на важните прашања поврзани со богословското образование денес, потребата од квалитетна етичка и религиска настава за младите, како и предизвиците што ги носат современите технолошки промени, меѓу кои и развојот на вештачката интелигенција. Целиот разговор можете да …
Во рамките на часовите Философија, на 03.12.2025 гостин предавач беше д-р Стјепан Штивиќ, истражувач на Теолошкиот факултет при Универзитетот во Љубљана, ангажиран во Центарот за вештачка интелигенција насочена кон човекот и за етиката на новите технологии. Во неговото предавање на тема „Киборгот – човек, машина или нешто трето?“, се говореше за етичките аспекти на „надградувањето“ на човекот преку користење на новите технологии – тема која станува сè поактуелна во современата медицинска теорија и практика.
Од 25 до 27 ноември 2025 година на островот Крф, под покровителство на Митрополитот Нектариос и во соработка со манастирот Ватопед, се одржа осмиот симпозиум на IAODT на тема „Символот на верата како поука на верата“. Настанот беше посветен на 1700-годишнината од Првиот вселенски собор во Никеја. На симпозиумот учествуваа 22 професори од 7 земји. Учесниците имаа можност да се поклонат пред моштите на свети Спиридон Тримитундски, учесник на Соборот во Никеја, како и да сослужуваат на светата Литургија во храмот „Свети Спиридон“. На отворањето …