Првите Кирилометодиеви научни средби се оддржаа на Православниот богословски факултет

viber image 2024 05 25 17 17 49 833

На 23 мај 2024 година, во свечената сала „Архиепископ Доситеј“ на Православниот богословски факултет се оддржаа Првите Кирилометодиеви научни средби. Имајќи ја предвид  заложбата за афирмација на македонското црковно, историско и духовно наследство, честа да го отвори овој настан му беше доделена на Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски и на Прва Јустинијана, господин господин Стефан. Настанот го модерираше професор д-р Маја Панова од Инсттитутот за национална историја, која ги пренесе плановите до присутните – овој настан во иднина да прерасне во препознатлива научна манифестација …

Соопштение: Првите Кирилометодиеви научни средби ќе се оддржат на 23 мај на Православниот богословски факултет во Скопје

Sv Kiril i Metodij

На 23 мај 2024 година, во свечената сала Архиепископ Доситеј на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, ќе се оддржат  Првите Кирилометодиеви научни средби. Настанот произлегува од соработката помеѓу Православниот богословски факултет и Институтот за национална историја. Настанот е од отворен карактер со почеток во 11.00 часот, а програмата за Првите Кирилометодиеви научни средби е достапна на следниов линк. Со надеж дека оваа манифестација ќе стане препознатлива во нашата академска заедница и пошироко, ги покануваме сите заинтересирани да придонесат со своето присуство. Деканат на Православниот …

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Православниот богословски факултет и Институтот за национална историја

viber image 2024 04 19 14 58 48 879

На 19 април 2024 година, деканот на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, проф. д-р Дејан Борисов и в.д. Директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Б. Панов потпишаа Меморандум за соработка. Со Меморандумот се воспоставува долготрајна соработка за имплементација на заеднички научнo-истражувачки проекти, конференции, програми за одбележување на јубилеи од минатото, публикации и едиции, како и заемна поддршка во образовната сфера. Проф. Борисов и проф. Панов истакнаа дека потпишувањето на Меморандумот ќе придонесе за продлабочување на соработката помеѓу двете институции, во интерес …

Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар одржа предавање на Православниот богословски факултет

409990285 870719387880748 3663749532628380144 n

На 20 декември 2023 година во свечената сала „Архиепископ Доситеј“ на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје пред студентите и професорите одржа предавање митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар. Тој зборуваше за современите проблеми со кои се соочува Македонската православна црква, како и за црковниот живот на македонските верници во дијаспората. Студентите имаа можност да му постават прашања на митрополитот и да дискутираат за горенаведените теми. Ова е прво од низата предавања кои се планирани да се одржат на Православниот …

Известување

Izvestuvanje

Почитувани студенти прoдолжуваме со организација и реализација на предавања од истакнати професори и личности кои не се дел од нашиот Факултет. Ве известуваме дека на 20 декември 2023 (четврток), во 11 часот, во салата на Факултетот предавање ќе оддржи Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар. По завршувањето на предавањето наставата ќе продолжат според распоредот. проф. д-р Дејан Борисов декан на ПБФ