Изложба на современ романски иконопис

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, по повод 40- годишнината од основањето, заедно со Богословскиот факултет „Патријарх Јустинијан“ од Букурешт, по повод „Годината на иконата, на иконописците и на црковните уметници“ на Романската православна црква, во Свечената сала на Архиепископскиот соборен храм  „Свети Климент Охридски“ во Скопје организираа заедничка изложба, насловена „Современ романски иконопис“.

На отворањето на изложбата, во вторник, на 25 април 2017 година, по воведното обраќање на проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на ПБФ „Св. Климент Охридски“, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан произнесе свечено слово, по коешто следеше кратко предавање за значењето на иконата од страна на протојереј-ставрофор Стефан Букиу, декан на Богословскиот факултет од Букурешт.

На отворањето на изложбата присуствуваа и проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, бискупот скопски и апостолски егзарх г. Киро Стојанов, како и голем број на свештеници, професори, студенти и богослови.

Веста беше објавена и на веб-страницата на Романската православна црква.