На 30.09.2018 во храмот Свети Јован Крстител се служеа Света литургија и Молебен за почеток на новата академска година, на кои чиноначалствуваше неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. На молебниот присуствуваа ректорот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски, деканот на православниот богословски факултет „свети Климент Охридски“ во Скопје проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, почесниот конзул на руската федерација проф. д-р Велимир Стојковски, членови на Македонската академија на науките и уметностите, професори и студенти од Православниот богословски факултет и од Универзитетот. По молебниот, ректорот се обрати до присутните и им посака успешна академска година.