ТРЕТ СВЕТИКЛИМЕНТОВ НАУЧЕН СОБИР НА ТЕМА: СЛОВАТА И СЛОВОТО

Словата и Словото

Свечена сала на Факултетот, 05.12.2019, 09:15 часот

Третиот Светиклиментов научен собир, на тема „Словата и Словото“, ќе се сосредоточи врз темата за словесноста, разбрана како основна карактеристика на човековото битие. Оваа фундаментална антрополошка претпоставка на европската мисла е присутна уште во антиката, каде примарно укажувала на човечката разумна, т.е. рационална способност. Но, полисемантичκиот философски поим „слово“ (λόγος), во христијанската антропологија добива една суштински нова димензија – личносната. Човекот е уникатно создание поради тоа што го носи образот и подобието Божјо во себеси, т.е. поради тоа што негов архетип и парадигма е самото Слово на Бога, втората ипостас на Света Троица. Човекот е „словесен“ не само затоа што е „рационално суштество“, туку заради тоа што тој во себе го носи самото Слово Божјо. Тоа, пак, ги опфаќа во себеси останатите „слова“, т.е. останатите значења и димензии на поимот „слово“.

Научниот собир „Словата и Словото“ има за цел да ја визира многуслојноста на прашањето за словесноста во контекст на философијата, филологијата, лингвистиката, книжевноста, психологијата, историјата, правото, социологијата, уметноста и архитектурата – и да ги постави во релација со православното богословие и да ги лоцира можните точки на нивно взаемно проникнување и синтетизирање.

Програмара можете да ја презмете на следниов линк.