Македонското политолошко друштво и Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, на 13.12.2018 година во салата на Православниот богословски факултет организираа научна дебата на тема „Политиката и религијата“.
Воведничари на научната дебата беа: митрополит европски г. Пимен, проф. д-р Цане Мојаноски, Факултет за безбедност – Скопје, проф. д-р Хасан Џило од Факултетот за исламски науки и проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ, Продекан на Богословскиот факултет – Скопје. Свои излагање на дебатата имаа и повеќе професори од академската заедница во Република Македонија меѓу кои проф. д-р Александар Спасеновски, Правен факултет – Скопје, проф. д-р Ратомир Грозданоски Богословски факултет – Скопје, проф. д-р Славејко Сасајковски ИСППИ при УКИМ-Скопје и проф. д-р Владимир Божиновски Правен факултет-Скопје.
Поздравни обраќања на Научната дебата имаа проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет, проф. д-р Никола Јанкуловски (текст), ректор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, м-р Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и доц. д-р Марјан Ѓуровски, Претседател на Македонското политолошко друштво.