Призив на Светиот Дух – молебен за успешен почеток на академската година

По повод почетокот на академската 2023/2024 година, на втори октомври 2023 година, во манастирот „Св. Јован Крстител“ во Капиштец, беше одржан молебен – Призив на Светиот Дух за успешен почеток на академската година. Со молебенот чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар. На чинот присуствуваа студентите, наставниот и административниот кадар од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и заеднички се помолија за просветување, за да можат студентите со Божја помош да ја совладаат науката над науките и да …

Конкурс за запишување на редовни и вонредни студенти во I година додипломски студии во академската  2023/2024 година

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, објавува Конкурс за запишување на редовни и вонредни студенти во I година додипломски студии во академската  2023/2024 година   Право на упис на Православниот богословски факултет имаат кандидати од православна вероисповед, кои завршиле богословија или гимназија со положена матура. државна или меѓународна. Исто така, на Факултетот може да се конкурира и со друго четиригодишно средно образование. Сите кандидати освен богословите, полагаат и приемен испит. Доколку на конкурсот се пријават поголем број од предвидениот број кандидати, селекцијата ќе …

„Помнете ги вашите наставници, што ви го проповедаа словото Божјо…“ (Евр. 13,7)

Светиот апостол Павле ни говори за учителството како за особен дар од Бога (1. Кор. 12,28). Но, како што учителството е дар за оние што поучуваат, така и самите учители се дар за своите ученици. Не само заради тоа што им пренесуваат извесен квантум на занење, туку затоа што им го пренесуваат и својот начин на живот, мислење и расудување, ги споделуваат вредностите, а најмногу од сѐ – личната љубов кон познанието. Токму таков дар за македонското богословие беше нашиот учител о. Јован Таковски. Неговиот …

Во Господа се упокои прототојереј-ставрофор проф. д-р Јован Таковски

На 82 години вчера почина протојереј – ставорофор д-р Јован Таковски – професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Тој ги преведе сите богослужбени книги на МПЦ-ОА од црковно-словенски на македонски јазик, со што ги направи разбирливи за својот македонски народ и остави непроценливо богослужбено наследство. Отец Јован Таковски – теолог, свештеник, професор, преведувач, завршил богословија во Приштина, Богословски факултет во Белград (1967), Филолошки факултет во Скопје (1980), а постдипломски студии во Париз. Докторирал како прв доктор по теолошки науки на Богословскиот …

Документарен филм: 45 години Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје

Документарниот филм по повод 45 години од основањето на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје можете да го погледнете на следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=YO2iR_a1Zw0