Факултет за безбедност-Скопје и Богословскиот факултет-Скопје, заеднички преку меѓурелигискиот дијалог до поголема безбедност

Факултет за безбедност-Скопје и Богословскиот факултет-Скопје, заеднички преку меѓурелигискиот дијалог до поголема безбедност

ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ-СКОПЈЕ И БОГОСЛОВСКИОТ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКИ АКТИВНОСТИ И ПРОЕКТИ ВО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ПРИДОБИВКИТЕ ОД МЕЃУРЕЛИГИСКИОТ ДИЈАЛОГ ЗА РЕШАВАЊЕ НА НОВИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДИЗВИЦИ Делегација на Факултетот за безбедност-Скопје предводена од продеканот за наука и развој  доц. д-р Марјан Ѓуровски, а во чиј состав беа Раководителот на Катедрата за општество-политички и правни науки проф. д-р Цане Мојаноски и доц. д-р Александар Иванов оствари посета на Богословскиот факултет „Св.Климент Охридски„-Скопје придружна членка на Универзитетот „Св.Крил и Методиј„-Скопје и беше применa од Деканот проф. д-р Ѓоко Ѓорѓиевски …

Промовирана книгата „Образованието, духовноста и вредносните ориентации кај адолесцентите“ од д-р Анета Јовковска

Промовирана книгата „Образованието, духовноста и вредносните ориентации кај адолесцентите“ од д-р Анета Јовковска

На 5ти октомври 2017 година на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје се одржа промоција на книгата Образованието, духовноста и вредносните ориентации кај адолесцентите од д-р Анета Јовковска. Како промотори на книгата говор одржаа професорите: д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет и д-р Анета Баракоска, редовен професор на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје. Професорката Баракоска истакна пред присутните дека станува збор за прецизно определена и исцрпно замислена тема, која презентира автентични научни резултати и осветлува еден значаен сегмент …

Призив на Светиот Дух при започнувањето на новата академска година

Призив на Светиот Дух при започнувањето на новата академска година

На 18.09.2017 година, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во црквата посветена на светиот Јован Крстител отслужи молебен за почеток на новата академска година. На молитвениот собор присуствуваа Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, ректорот на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, поранешниот ректор на истиот Универзитет, проф. д-р Велимир Стојковски, деканот на богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, бројни универзитетски професори, и студентите од богословскиот факултет.  

МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ ЗА ЦРКВИТЕ ВО РОМАНИЈА, ГРУЗИЈА, МАКЕДОНИЈА И ПОЛСКА

МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ ЗА ЦРКВИТЕ ВО РОМАНИЈА, ГРУЗИЈА, МАКЕДОНИЈА И ПОЛСКА

Во периодот од 12 до 14 септември 2017 година во Костанца, Романија беше одржан меѓународен симпозиум на тема: „Црквите во Романија, Грузија, Македонија и Полска. Форми на организација и лидерство низ вековите“, на кој учествуваа теолози, академици, универзитетски професори и научни истражувачи од повеќе земји, како и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, придружуван од Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент. Симпозиумот беше отворен со воведното изложување на Архиепископот Стефан, кој говореше на темата за „Автокефалноста во Православната Црква и непризнавањето на Македонската …

Студенти од Теолошкиот факултет учествуваа на Демирхисарската летна школа

Студенти од Теолошкиот факултет учествуваа на Демирхисарската летна школа

По Божја промисла од 07 до 14 јули 2017 година се одржа првата Демирхисарска летна школа. Овој проект е дел од IV Демирхисарско културно лето – 2017, кое што од година во година – сѐ повеќе и сѐ повисоко се воздигнува и се потврдува како една од најпрестижните и култни културни манифестации, како во општината, така и во регионот и пошироко. Демирхисарската летна школа како проект се роди благодарение на општината Демир Хисар – градоначалникот г. Љупчо Блажевски и локалната самоуправа, кои изминатите неколку години …