Група за пријателство помеѓу Македонската православна црква и Исламската верска заедница

На иницијатива на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, на 09.03.2023 година, беше формирана првата Група за пријателство помеѓу Македонската православна црква и Исламската верска заедница. На настанот присуствуваа студенти и професори од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и Факултетот за Исламски науки во Скопје. Поздравувајќи ја оваа иницијатива, на настанот се обратија поглаварот на МПЦ ОА Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема х. хфз. Шаќир ефенди Фетаи, директорот на Комисијата за …

Интерен конкурс за избор на демонстратор од областа Црковно пеење

Врз основа на член 163 од Законот за високото образование (Сл. Весник 82 од 08.05.2018 година), член 20 и 53 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, член 57 точка 8 од Статутот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, се распишува следниов ИНТЕРЕН КОНКУРС за избор на демонстратор од областа Црковно пеење Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, придружна членка на …

Делегација од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје присуствуваше на свеченото одбележување на празникот Св. Сава Српски во Белград

На покана на Православниот богословски факултет во Белград, Република Србија, а во чест на Св. Сава Српски, Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски” – Скопје, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, испрати делегација во состав на професорите: проф. д-р Милан Ѓорѓивиќ и проф. д-р Дејан Борисов, како и студентите: Ангел Василковски и Благоја Атанасоски. На 26.01.2023 година, делегацијата присуствуваше на бдението во чест на светиот Сава Српски, во параклисот посветен на свети Јован Богослов при Православниот богословски факултет во Белград; …

Одбележани 45 години од основањето на Православниот богословски факултет ,,Св. Климент Охридски” – Скопје

По повод 45-годишнината од своето основање, на 26 декември 2022 година, во свечената сала „Архиепископ Доситеј“ на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје се одржа свечена академија. Во рамките на овој настан им беа доделени дипломи на дипломираните студенти на додипломските и постдипломските студии. За дадениот исклучителен придонес и постојаната поддршка на Факултетот, на свеченоста беа доделени и јубилејни плакети на: – Поглаварот на МПЦ г. г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски ОА и Јустинијана Прима; – Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и …

Шести Светиклиментов научен собир

Шестиот Светиклиментов научен собир на тема: „Една, света, соборна и апостолска Црква“ се одржа на 06.12.2022 во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Веќе неколку децении еклисиологијата се профилира како централна тема во православното богословие. Причините за тоа може да се бараат во две насоки. Од една страна, придвижувањата во еклисиолошките програми на христијанските деноминации на Западот влијае директно, преку непосредниот дијалог со православните и индиректно, преку отворање на теми и прашања кои не може да останат незабележани од православната богословска …