ТРЕТ СВЕТИКЛИМЕНТОВ НАУЧЕН СОБИР НА ТЕМА: СЛОВАТА И СЛОВОТО

Словата и Словото Свечена сала на Факултетот, 05.12.2019, 09:15 часот Третиот Светиклиментов научен собир, на тема „Словата и Словото“, ќе се сосредоточи врз темата за словесноста, разбрана како основна карактеристика на човековото битие. Оваа фундаментална антрополошка претпоставка на европската мисла е присутна уште во антиката, каде примарно укажувала на човечката разумна, т.е. рационална способност. Но, полисемантичκиот философски поим „слово“ (λόγος), во христијанската антропологија добива една суштински нова димензија – личносната. Човекот е уникатно создание поради тоа што го носи образот и подобието Божјо во себеси, …

Потпишан Договор за соработка

На 14 октомври 2019 година, во просториите на Факултетот, свечено беше потпишан Договор за соработка помеѓу Православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“, придружна членка на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Католичкиот богословски факултет од Универзитетот во Загреб. Договорот за соработка го потпишаа деканите на двата факултета, проф. д-р. Ѓоко Ѓорѓевски и проф. д-р. Марио Цифрак, а на свеченото потпишување на Договорот присуствуваа и поглаварот на Македонската православна црква, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ректорот на универзитетот „Свети Кирил и …

Меѓународна конференција „Света Софија – Премудроста која си изгради дом“

Во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, со поддршка на Македонската православна црква, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Министерството за култура, од 11 до 13 октомври 2019 година во Охрид и Струга се одржа меѓународната конференција „Света Софија – Премудроста која си изгради дом“. Во рамките на свеченото обраќање на конференцијата во црквата „Света Софија“ во Охрид свое обраќање пред присутните имаа Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на …

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во периодот од 11 до 13 октомври 2019 година во Охрид и Струга ќе се одржи меѓународната конференција „Света Софија – Премудроста која си изгради дом“, организирана од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Еден дел од конференцијата е посветен на храмот на охридските архиепископи именуван по Мудроста – црквата „Света Софија“ во Охрид, нејзината историја, архитектура, фрескоживопис и уметност, додека другиот дел е восредоточен на мудроста во Библијата, теологијата, философијата и во традицијата на Црквата. На оваа меѓународна конференција ќе учествуваат научници …

К О Н К У Р С за запишување на редовни и вонредни студенти во I година во академската  2019/2020 година

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, објавува К О Н К У Р С за запишување на редовни и вонредни студенти во I година во академската  2019/2020 година Право на упис на Православниот богословски факултет имаат кандидати од православна вероисповед, кои завршиле богословија или гимназија со положена матура, државна или меѓународна. На Факултетот може да се за запишат и кандидати кои завршиле гимназија и положиле училишна матура. Исто така, на Факултетот може да се конкурира и со друго средно образование, но само со …