Возљубен и драг професоре!
Следејќи го примерот на св. ап. Павле кога вели: „Помнете ги и вашите наставници, што ви го проповедаа словото Божјо, и, имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна“ (Евр. 13, 7), и ние, Ве помниме како искрен пријател, добар професор, ценет сведок на Евангелието. Иако знаеме дека заминувате при Милостивиот Бог, , сепак, и ние, сеќавајќи се на нашата дружба и соработка, тагуваме поради привремената разделба. Ќе го продолжиме делото што Вие верно го следевте, за и ние, заедно со Вас, да се радуваме со Христос во осмиот невечерен ден!
Бог да Ве прости и помилува!
Ве сакаме!
Студентите од ПБФ ,,Свети Климент Охридски”