“Улогата на високообразовните институции во едукацијата на младите: Фокус-Религија” беше темата на средбата на студентите од Православниот богословски факултет “Свети Климент Охридски” – Скопје и Факултетот за исламски науки. Настанот беше организиран од страна на фондацијата Конрад Аденауер, а се одржа во нивните простории на 19 ноември 2018 година.
Воведен збор имаа Јоханес Д. Раи од Фондацијата Конрад Аденауер, потоа проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет и проф. д-р Шабан Сулејмани, декан на Факултетот за исламски науки – Скопје.
Во рамките на оваа средба студентите има можност да се запознаат со работата и предизвиците на двете високообразовни институции кои како единствени во земјата овозможуваат образование во областа на теологијата, но исто така и да се информираат за ситуацијата со религиозната едукација во СР Германија и тамошното искуство од оваа област.