XII Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“се одржа од 1 до 3 ноември 2024 година во Скопје. Симпозиумот беше организиран од страна на Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во коорганизација со Универзитетот во Болоња и Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје.
Оваа година, Симпозиумот беше посветен на актуелната тема: „Византија: Комонвелт, мека моќ, празни зборови?“, со цел да се отвори дискусија за разноликите аспекти на византиското влијание врз средновековната цивилизација.
Отворањето се одржа во Музејот на македонската борба, каде што поздравно слово одржа Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Тој упати благослов и нагласи колку е значајно зачувувањето и истражувањето на православното наследство во поширокиот историски и културен контекст на Византија. Неговото слово ја подвлече духовната вредност на византискиот придонес во православното христијанство.
Меѓу другите, свечено обраќање имаше и деканот на Православниот богословски факултет, проф. д-р Дејан Борисов. Тој ги поздрави присутните и ја истакна важноста на византиското наследство во формирањето на христијанската и православната мисла, осврнувајќи се и на целокупниот придонес на Симпозиумот за научно-истражувачката дејност во изминатите 12 години.
На Симпозиумот учествуваа и професори од Православниот богословски факултет со свои научни трудови: Д-р Виктор Недески го презентираше трудот за христолошката синтеза во делата на Василиј од Селевкија, разгледувајќи ги теолошките влијанија од антиохиската, александриска и кападокиска традиција. Д-р Анета Јовковска презентираше истражување за еволуцијата на христијанската доктрина во раниот византиски период.
Покрај нив, со свој труд даде придонес и д-р Николче Ѓурѓиноски, кој истражување на тема: „Моштите на свети Климент Охридски и неговиот манастир на Плаошник“.
Овој настан послужи како платформа за тековно истражување и соработка меѓу научниците од различни земји кои зедоа учество на Симпозиумот.