Православен богословски факултет "Св. Климент Охридски" - Скопје
Се одржа Деветтиот Светиклиментов научен собир на тема „Теологијата и технологиите“
На 5 декември 2025 година, во организација на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, се одржа Деветтиот Светиклиментов научен собир на тема „Теологијата и технологиите“. Научниот собир беше свечено отворен со поздравниот говор на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан. Во своето обраќање, Неговото Блаженство со особена јасност укажа дека предизвиците што ги носи вештачката интелигенција не смеат да се поимаат со страв, туку со надеж и мудрост. „Мнозина стравуваат дека пред нас се отвораат патишта што не се само …
Интервју со в. д. деканот д-р Илче Мицевски Игнат за МИА: Свети Климент Охридски – пример за вистински пастир
В. д. деканот на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, д-р Илче Мицевски Игнат, во интервју за МИА зборува за значењето и актуелноста на ликот и делото на свети Климент Охридски како неизбришлив духовен и културен темел на нашиот народ. Во разговорот, тој се осврнува и на важните прашања поврзани со богословското образование денес, потребата од квалитетна етичка и религиска настава за младите, како и предизвиците што ги носат современите технолошки промени, меѓу кои и развојот на вештачката интелигенција. Целиот разговор можете да …
Гостинско предавање на д-р Стјепан Штивиќ од Теолошкиот факултет во Љубљана
Во рамките на часовите Философија, на 03.12.2025 гостин предавач беше д-р Стјепан Штивиќ, истражувач на Теолошкиот факултет при Универзитетот во Љубљана, ангажиран во Центарот за вештачка интелигенција насочена кон човекот и за етиката на новите технологии. Во неговото предавање на тема „Киборгот – човек, машина или нешто трето?“, се говореше за етичките аспекти на „надградувањето“ на човекот преку користење на новите технологии – тема која станува сè поактуелна во современата медицинска теорија и практика.
Доцент д-р Илче Мицевски Игнат, в. д. декан на Православниот богословски факултет, зема учество на Осмиот симпозиум на Меѓународното здружение на православни догматичари (IAODT)
Од 25 до 27 ноември 2025 година на островот Крф, под покровителство на Митрополитот Нектариос и во соработка со манастирот Ватопед, се одржа осмиот симпозиум на IAODT на тема „Символот на верата како поука на верата“. Настанот беше посветен на 1700-годишнината од Првиот вселенски собор во Никеја. На симпозиумот учествуваа 22 професори од 7 земји. Учесниците имаа можност да се поклонат пред моштите на свети Спиридон Тримитундски, учесник на Соборот во Никеја, како и да сослужуваат на светата Литургија во храмот „Свети Спиридон“. На отворањето …
Програма на Деветтиот Светиклиментов научен собир на тема: Теологијата и технологиите
Светиклиментовиот научен собир, како годишна конференција на Православниот богослвоски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, има за цел интердисциплинарно вмрежување на современата македонска теологија со другите науки кои се изучуваат на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, како и на другите македонски универзитети и научни установи. Во центарот на вниманието на годинашниот, деветти по ред, Светиклиментов научен собир стои прашањето за допирните точки меѓу теолошката наука и современите технологии. Пред сѐ, станува збор за односот кон дигитализацијата и вештачката интелигенција – кои може да бидат предмет …






