Православен богословски факултет "Св. Климент Охридски" - Скопје
Гости предавачи на Православниот богословски факултет на тема „Уникатната философска синтеза на свети Максим Исповедник“
Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје со особено задоволство го најавува претстојното предавање на тема: „Уникатната философска синтеза на свети Максим Исповедник“. Истото ќе се оддржи на 28 ноември 2025 година (петок), со почеток во 12:15 часот, во свечената сала „Архиепископ Доситеј“. Гости предавачи ќе бидат д-р Сотирис Миталексис – професор на Универзитетскиот колеџ Лондон и Институтот за православни христијански студии, Кембриџ и д-р Дионисиос Склирис – професор на Богословскиот факултет при Универзитетот во Атина. Срдечно ве покануваме да присуствувате на овој настан …
Избран нов претседател на Факултетското студентско собрание
На 14 ноември 2025 година, на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, се одржаа избори за претседател на Факултетското студентско собрание. Изборниот процес беше спроведен од страна на комисијата во состав: доц. д-р Стефан Гоговски, в.д. продекан и доц. д-р Борче Грамбозов. За претседателската функција конкурираа двајца кандидати. Во рамките на транспарентен и коректно спроведен изборен процес, најголем број гласови освои Наум Михајловски, студент од трета година, кој беше избран за нов претседател. На новоизбраниот претседател и на членовите на Факултетското студентско собрание им посакуваме …
Гостинско предавање на проф. др. Мандариќ сестра Валентина од Католичкиот богословски факултет во Загреб
Во периодот од 10 до 14 ноември 2025 година, на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, гостуваше проф. др. Мандариќ сестра Валентина, редовен професор на Католичкиот богословски факултет при Универзитетот во Загреб и раководител на Канцеларијата за веронаука во училиштата при Загрепската надбискупија. Посетата се реализираше во рамките на наставата по предметот христијанска педагогија, кој го предава вонр. проф. д-р Анета Јовковска, како и во контекст на програмата за академска соработка помеѓу двата факултета. Професорката Мандариќ сестра Валентина беше срдечно пречекана од в.д. …
Свечено отворен XIII Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“
На 31 октомври 2025 година, во Скопје беше отворен XIII Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“, кој оваа година се одржува под насловот „Мрежи“. Настанот се реализира во организација на Институтот за национална историја, Универзитет Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, кој и оваа година дава значаен организациски и научен придонес во рамките на симпозиумот. На отворањето, меѓу другите, свое обраќање имаа Неговото Блаженство, Архиепископот …






