На 19 април 2024 година, деканот на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, проф. д-р Дејан Борисов и в.д. Директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Б. Панов потпишаа Меморандум за соработка.
Со Меморандумот се воспоставува долготрајна соработка за имплементација на заеднички научнo-истражувачки проекти, конференции, програми за одбележување на јубилеи од минатото, публикации и едиции, како и заемна поддршка во образовната сфера.
Проф. Борисов и проф. Панов истакнаа дека потпишувањето на Меморандумот ќе придонесе за продлабочување на соработката помеѓу двете институции, во интерес на државата и афирмацијата на македонското културно-историско, црковно и духовно наследство.
Како резултат на соработката, веќе започна организацијата на првите Кирилоометодиевски научни средби кои ќе се оддржат на Православниот богословски факултет на 23 мај 2024 година. Искрено се надеваме дека оваа манифестација ќе стане препознатлива во нашата академска заедница и пошироко.