Програма за втор циклус стручни студии по методика на наставата по религиско воспитание и образование 2025
- Елаборат за втор циклус стручни студии по методика на наставата по религиско воспитание и образование
- Решение за акредитација
- Решение за почеток со работа
СТРУКТУРА НА СТУДИСКА ПРОГРАМА
Табела 7.1. Распоред на предмети по семестри и години на студии за академски студии (АС) и стручни студии (СС), и
| Реден број | Код на предметот | Назив на предмет | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | |
| П | В | |||||
| ПРВА ГОДИНА | ||||||
| 1 | ТСМ2-101 | Етика со етика во религиите | I | 3 | 2 | 6 |
| 2 | ТСМ2-102 | Педагогија | I | 3 | 2 | 6 |
| 3 | ТСМ2-103 | Педагошка психологија | I | 3 | 2 | 6 |
| 4 | ТСМ2-104 | Методика на религиската настава | II | 3 | 2 | 6 |
| 5 | Изборен предмет 1 | I | 3 | 2 | 6 | |
| 6 | Изборен предмет 2 | I | 3 | 2 | 6 | |
| 7 | Специјалистички труд | 24 | ||||
| Вкупно часови (предавања/вежби) и ЕКТС за година | 270 | 180 | 60 | |||
Табела 7.2. Изборни предмети на студиската програма (во Листата се вклучуваат изборните предмети од студиска програма и наставни предмети кои се изведуваат на друга единица на универзитетот, согласно член 139 став 9 од Законот за високото образование (Службен весник на Република Македонија 82/18))
| Реден број | Код | Назив на предметот | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | Од која единица | |
| предавања | вежби | ||||||
| 1 | ТСМ2-105 | Компаративни религиски системи | I | 3 | 2 | 6 | Православен богословски факултет |
| 2 | ТСМ2-106 | Образовна технологија
| I | 3 | 2 | 6 | Институт за педагогија – Филозофски факултет УКИМ |
| 3 | ТСМ2-107 | Методика на воспитната работа | I | 3 | 2 | 6 | Институт за педагогија – Филозофски факултет УКИМ |
| 4 | ТСМ2-108 | Воспитанието и образованието во Библијата | I | 3 | 2 | 6 | Православен богословски факултет |
| 5 | ТСМ2-109 | Вовед во христијанската етика | I | 3 | 2 | 6 | Православен богословски факултет |
| Вкупно: | 25 | 30 | / | ||||
Табела 7.3. Прозорци на мобилност – наставни предмети кои можат да се реализираат и на англиски јазик согласно член 139 став 10 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/18)
| Назив на предмет | Наставник | Година/Семестар | ЕКТС | |
| 1. | Етика со етика во религиите | д-р Милан Ѓорѓевиќ, редовен професор д-р Стефан Гоговски, доцент | прва / I | 6 |
| 2. | Педагогија | д-р Анета Баракоска, редовен професор д-р Вера Стојановска, редовен професор | прва / I | 6 |
| 3. | Педагошка психологија | д-р Орхидеја Шурбановска, редовен професор | прва / I | 6 |
| 4. | Методика на религиската настава | д-р Анета Јовковска, вонреден професор | прва / II | 6 |
| 5. | Компаративни религиски системи | д-р Анета Јовковска, вонреден професор | прва / I | 6 |
| 6. | Образовна технологија
| д-р Вера Стојановска, редовен професор | прва / I | 6 |
| 7. | Методика на воспитната работа | д-р Анета Баракоска, редовен професор | прва / I | 6 |
| 8. | Воспитанието и образованието во Библијата | д-р Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор д-р Анета Јовковска, вонреден професор | прва / I | 6 |
| 9. | Вовед во христијанската етика | д-р Стефан Гоговски, доцент | прва / I | 6 |
Табела 7.4. Преглед на застапеност на задолжителните предмети и
изборните предмети на студиската програма.
| Семестар | Број на задолжителни предмети | Број на изборни предмети | Вкупно предмети |
| I | 3 | 2 | 5 |
| II | 1 | 0 | 1 |
| Вкупно | 4 | 2 | 6 |
| % застапеност | 66,67% | 33,33% | 100% |
Табела 7.5. Преглед на процентуалната застапеност на задолжителните предмети и
изборните предмети.
| Ред бр | Траење на студиите (години)/ вкупен број на ЕКТС на студиската програма | Вкупна оптовареност изразена преку ЕКТС | Оптоварност за изборни предмети изразена преку ЕКТС | ||
| А Вкупен број на ЕКТС на студиската програма | А1 Процентуална застапеност на ЕКТС од наставните предмети на студиската програма | Б Вкупен број на ЕКТС од изборни наставни предмети | Б1 Процентуална застапеност на ЕКТС од изборните наставни предмети во однос на вкупниот број на ЕКТС на студиската програма | ||
| 1. | 1 година 60 EКТС
| 60 – од кои 24 ЕКТС (40%) се за специјалис-тички труд | 60% од наставни предмети + 40% за специјалистички труд |
12 | 20% |
7.1. Правила и начин на избор на изборни предмети со можност за избор на предмети од други акредитирани студиски програми
| Начин на избор на изборни предмети од студиска програма |
| Сите изборни предмети наведени во Табела 7.2 (Табела 7.2. Изборни предмети на студиската програма (во Листата се вклучуваат изборните предмети од студиска програма и наставни предмети кои се изведуваат на друга единица на универзитетот, согласно член 139 став 9 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ 82/18)) се со еднаква можност за избор од страна на студентите. Изборот на предметите се врши врз основа на насоките дефинирани во Табела 7.1. Според овие насоки, се избираат два изборни предмета во првиот семестар од едногосишните стручни студии по методика на наставата по религиско воспитание и образование. Изборот е лична одлука на кандидатот и зависи од неговиот интерес за стекнување продлабочени знаења и вештини кои ги нуди соодветниот предмет. Дополнително, студентот го насочува изборот кон областите во кои настојува да развие поголема експертиза и практични способности, во согласност со потребите за своето усовршување. Согласно правилникот, секој студент има право да избере и полага најмногу два изборни предмети кај еден наставник.
|
| Начин на избор на изборни предмети од универзитетска листа |
| Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ од Скопје остварува соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оваа соработка обезбедува достапност на професори кои ги покриваат изборните предмети од универзитетската листа. На овој начин, студентите имаат можност да се стекнат со дополнителни компетенции преку слушање предмети кои се релевантни за нивниот академски развој и професионални цели.
|
7.2. Рокови за завршување на предвидените активности од студиската програма
Студентите на втор циклус стручни студии по методика на наставата по религиско воспитание и образование имаат право да ги завршат започнатите студии според условите на студиската програма, најдолго во времето што е двапати подолго од пропишаното траење на студиите (1 година, 2 семестри), односно најмногу 2 години (четири семестри) од почетокот на учебната година кога е извршен уписот на Факултетот за едногодишните стручни студии.
Доколку по истекот на рокот од претходниот став студентот не ги заврши студиите, со одлука на Факултетот се утврдуваат дополнителните услови и рокот за кој студентот може да ги заврши студиите.
Доколку по истекот на рокот настане измена на студиската програма, студентот може да ги продолжи студиите по изменетата студиска програма врз основа на општ акт на Факултетот. Сите правила се утврдени во Правилникот за студирање на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, кој е достапен на следниов линк: https://pbf.edu.mk/studenti/pravilnik/.
