Македонското политолошко друштво и Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, на 13.12.2018 година во салата на Православниот богословски факултет организираа научна дебата на тема „Политиката и религијата“. Воведничари на научната дебата беа: митрополит европски г. Пимен, проф. д-р Цане Мојаноски, Факултет за безбедност – Скопје, проф. д-р Хасан Џило од Факултетот за исламски науки и проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ, Продекан на Богословскиот факултет – Скопје. Свои излагање на дебатата имаа и повеќе професори од академската заедница во Република Македонија меѓу кои проф. д-р Александар Спасеновски, …
НАУЧНА ДЕБАТА на тема: ПОЛИТИКАТА И РЕЛИГИЈАТА Организатори: Македонско политолошко друштво Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје П Р О Г Р А М А 13.12.2018 год. Место: Богословски факултет – Скопје 10.00 Поздравни обраќања на научната дебата: Проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, М-р Даријан Сотировски, Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Проф. д-р Ѓоко Ѓоргевски Декан на Православниот богословски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и …
“Улогата на високообразовните институции во едукацијата на младите: Фокус-Религија” беше темата на средбата на студентите од Православниот богословски факултет “Свети Климент Охридски” – Скопје и Факултетот за исламски науки. Настанот беше организиран од страна на фондацијата Конрад Аденауер, а се одржа во нивните простории на 19 ноември 2018 година. Воведен збор имаа Јоханес Д. Раи од Фондацијата Конрад Аденауер, потоа проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет и проф. д-р Шабан Сулејмани, декан на Факултетот за исламски науки – Скопје. Во рамките на …
На 16 ноември 2018 година, во просториите на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, беше одржана средба на проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Факултетот со господинот Јан Фигел, специјален пратеник на Европската комисија. На средбата се разговараше за местото и улогата на религијата во современото општество, како и за придонесот којшто верските заедници во Република Македонија може да ѝ го понудат на Европа, посебно преку позитивното искуството на долгогодишниот и квалитетен меѓурелигиски дијалог.
На 31. 10. 2018 година, студентите од прва година на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, ја посетија Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ каде се одржа претставување на библиотичниот фонд и беа претставени стари ретки црковнословенски ракоиси. Потоа тоа беше одржан отворен час по предметот философија во холот на библиотеката. Благодарност до НУБ за гостопримството и одличниот прием.