„Го поздравувам развојот на односите меѓу Универзитетот во Скопје со Духовната академија во Москва и Санкт Петербург. Нашата духовна академија сега се здобива и со државно признание, акредитација. Тоа во голема мера ќе ја олесни соработката со Државниот универзитет во Скопје“. – Ова го истакна Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил, за време на средбата со Претседателот на Република Македонија, Н.Е. Ѓорге Иванов, во чија придружба беа и Неговото Преосвештенство, епископот хераклејски г. Климент, како и деканот на Православниот богословски …
